-Некогаш ни се случуваат илузорни работи, на пример, треба да се легализира куќа на граѓанин, кој ги исполнил сите услови, вклучувајќи и согласност од Град Скопје, од Министерство за екологија, а апсурдна е ситуацијата кога ќе видите дека против тоа гласаат советници што живеат во дивоизградени куќи, кои се легализирани. Дали е тоа етички? Или против тоа гласаат советници чии партии го донеле Законот за легализацијата – рече Јакимовски.Тој додаде дека има работи и за кои се согласуваат.