Никола Димитров: Македонија или Грујовистан?

0
1079

Граѓани или поданици?
Правда или криминал?
Македонија или Грујовистан?

И небото е со Македонија. Во недела ќе имаме сончево и пролетно време за поголема излезност.

Да гласаме за правда и држава, за татковина на сите, против криминалот и монархијата на самопрогласениот цар и неговата свита во скапата палата на кичот купена со наши пари. Никогаш не сме имале поважна раскрсница.

Поданици или граѓани? Во недела ќе покажеме дека сме нација со доблест и карактер што има сила да казни очигледно зло и да му каже НЕ на Грујовистан и понижувањето.

Можеме ние подобро. Можеме да гледаме зад партиските букви и пропагандата што нѐ потценува. Не сме ние ова. Заслужуваме ние подобро. Ќе нѐ биде!

Статус на Фејсбук на Никола Димитров