СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ Е СТАБИЛНА, ФИЛИПЧЕ: ДА БИДЕМЕ ПРЕТПАЗЛИВИ ЛЕТОВО ПОРАДИ НОВИТЕ СОЕВИ

0
690

“Состојбата со коронавирусот во земјава е стабилна и нема никакви знаци дека нешто ја влошува. Претстојните летни месеци, според проценките, епидемиолошката ситуација ќе биде мирна” – вели министерот за здравство, Венко Филипче. Сепак граѓаните треба да бидат претпазливи, да ги почитуваат мерките оти може да се јави мутација на вирусот која би била позаразна од оние кои што циркулираа досега.

“Никој во светот, во ниедна земја не може да даде точно предвидување. Може да се случи да има некаква мутација на вирусот, да биде поконтагиозна од сите соеви и тоа да ја смени епидемиолошката слика. Во некои земји тоа се случува. Вакцинацијата помага да нема тешки форми на болеста или смртни случаи. Имајќи го тоа на ум и гледајќи како се одвива ситуацијата во нашиот регион и другите земји, нашата проценка е дека следниот период од два месеца ќе имаме мирна епидемиолошката ситуација” – рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ЈЗУ Универзитетска Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар.

Нагласи дека граѓаните треба да продолжат да ги почитуваат мерките кои се во сила со цел да го заштитат своето здравје.

“Маските се секогаш тука, кога има групирање иако не е задолжително, не е лошо тие да им бидат при рака и да ги стават. Сепак се работи за заштита на нивното здравје” – рече Филипче.