ШОКАНТНО: ГРУЕВСКИ ОД БУДИМПЕШТА ПОВИКА НА ФИЗИЧКА ЛИКВИДАЦИЈА НА ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ!

0
1646

Повеќе пријатели деновиве ми пишуваат зошто не коментирам нешто за скандалите што се случуваат кај нас. Секој втор ден нова афера, нов скандал. Ако си немаш друга работа, коментирај си, вака го почнува својот нов и долг коментар осудениот екс премиер, Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта.

Тој ги коментира скандалите кои ја тресат Владата, од пранкот на руските комичари на кој наседна Заев, до случајот „Рекет“. При тоа Груевски употребува во коментарот околу 80 симболи и емотикони.

„А што да коментирам кога тие кои мене ме навредуваа и омаловажуваа, а Заев го глорифицираа и величеа, кои полудуваа од хистерија зошто Заев не ме затворил ден порано, сега јавно во медиумите кажуваат дека се чуствуваат за “глупачи”  и “идиоти”(цитирано од самите нив). Што да кажам сега за СЈО кога тие што го бранеа, додека во овие две години кажував како лично гледам во судот колку противзаконски, партиски мотивирано и насилнички постапува “строејќи” ги и судиите, сега викаат дека треба ден порано да го нема? Да не им е веќе пред очи. Што да коментирам за тие кои сакаа неправедно да ме затворат, заради криминалот кој го правеле додека ме прогонуваа и се изживуваа со мене и со многу други, сега се тресат на секој шум … да не дошле по нив… и така искомпромитирани и контаминирани се оградуваат од самите себе“, пишува Груевски.

Тој се осврнува и на изјавата на премиерот, Зоран Заев, за присвојувањето туѓа историја. Груевски вели дека Заев е „пироман и дека ја води Македонија кон бездна“.

„Кажете ми, што јас да додадам повеќе од нив? Понекогаш ми доаѓа да фатам да го бранам. Но, не е сам. Опкружен е со забавни ликови “кои не се мешаат во својата работа” од типот на градоначалникот Петре кој тунелот под Кале, или мостот или трамвајот не ги ни почна, ама најави дека преку (се разбира фингирана) анкета, ќе ги менувале имињата на улиците во Скопје бидејќи многу имиња на улици не ја одразувале нашата реална историја (што не е правило при именување улици), па во истата реченица потенцирајки дека улицата “Петре Пиризе Мајски” требало да се замени со старото име “Мексичка”. Нашиот денешен Петре  заедно со неговиот шеф Зоки  не дај боже да им паднат на луѓето во раце во некоја темна уличка…
Прекарот на Петре Пирузе значел свежина, новина, раѓање, будење, цутење, радост, име пренесувано од уста на уста, од човек на човек.
Во негова чест е испеана песната „Топови грмат, земјата трештит“… Е тој Петре, нашиов Петре ке го бришел оти улицата му била во маало“, пишува Груевски.

„И со многу мака но на моменти и со по некој духовит коментар на нашите трагични случувања ги слушам сите што сега коментираат, а што порано “хистеришеа” по мене на сите овие теми и си велам:
баравте-гледајте“, завршува тој.