ЈАВНОСТА ВО ШОК: Наместо да се дистанцира од Груевски, Мицковски денеска ќе оди на средба со него и Орбан во Будимпешта!!!

0
2017
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска и утре ќе биде би Виена, Австрија, и во Будимпешта, Унгарија, соопштија од партијата.

Во Виена ќе остане кратко и ќе има средби од научен карактер, кои се поврзани со неговата професорка дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Оттаму, заедно со со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, ќе заминат во Будимпешта да се видат со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

„На средбата се очекува да разговараат за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно делување во пресрет на престојниот Конгрес на Европската Народна Партија и изборот на новото раководство“, соопштија од партијата.

Оттааму, Мицкоски и Николовски ќе се вратат во Скопје за во петок на Илинден да предводат делегации по повод празникот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати на народниот собир во струшкото село Ташмаруниште, додека потпретседателот ќе предводи партиска делегација на прославата на Мечкин Камен во Крушево.

Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе положи свежо цвеќе и на народниот собир и прослава на Пелинце.