(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) „Сите против коронавирусот“ – голема хуманитарна акција на СДСМ – Прилеп

0
990

„Сите против коронавирусот“ – голема хуманитарна акција на СДСМ – Прилеп за помош на над 1.000 семејства од социјален ризик.

Општинската организација на СДСМ-Прилеп, под мотото „Сите против коронавирус“,  денеска започна со спроведување на голема хуманитарна акција, со која ќе бидат донирани над 1.000 пакети со намирници за храна и средства за хигиена, на социјално загрозени семејства, самохрани родители, стари и изнемоштени лица.

Почитувајќи ги мерките и препораките за заштита од коронавирусот, на околу 100 семејства од населбата Варош денеска им беа донирани хуманитарни пакети.

Хуманитарната акција продолжува и во наредните денови, во градот и населените места од општина Прилеп каде има семејства и граѓани од социјален ризик.

Во овие тешки околности за нашиот град и за државата, повикуваме и поттикнуваме на солидарност и хуманост. Сите заедно да им помогнеме на ранливите, болните, сиромашните.

Да покажеме лична одговорност и да водиме грижа еден за друг. Да ги почитуваме мерките за заштита и заедно да ја победиме пандемијата на коронавирусот.