ГРАД СКОПЈЕ : ДЕНЕС СЕ ЗАВРШИЈА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА КРАЈ 38 НА УЛИЦАТА МАКЕДОНСКО КОСОВСКА БРИГАДА, ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

0
639
Почитувани,
Денес се завршија градежните работите на крак 38 на улицата Македонско Косовска Бригада,  во Општината Шуто Оризари.

По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, успешно го реализираа овој проект, при што жителите на Шуто Оризари во должина од 450 метри добиваат 1800 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот.
Град Скопје, планира на овој потег со меѓуопшитнска соработка со Општината Шуто Оризари да отпочне со градежни активности и на краците 49 и 50 што се од витално значење за граѓаните чие барање се реализира по 30 години.
Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје