Сарачини: Спречени сме да го оствариме нашето право на протест

0
1126

„Спречени сме да го оствариме нашето право на протест, добро е што сме тука пред овој „шампита“ театар бидејќи во моментов се игра некоја валкана игра со граѓанинот на РМ“, им се обрати на илјадниците граѓани активистот Петрит Сараќини, кои се спречени да стигнат пред Уставниот суд каде е закажан протестот, пренесе Телма.

Тој праша дали е ова повторно сценарио од 24 декември, но во исто време рече дека нема да се дозволи никој да си игра со граѓаните и дека нема да се подлегне на ова сценарио.

„Граѓаните од другата страна се уплашени уценети и под закана се донесени“, рече Сараќини.

Тој побара од плицијата да се стави во одбрана на Уставот, бидејќи заклетвата не ја даваат пред нинту една партија или министер, туку пред Уставот и законот.

Сараќини ја замоли полицијата доколку е точно дека е задржана претседателката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, од странта на полицијата таа биде пуштена.

Од друга страна на само стотина метри од оваа група демонстранти се наоѓаат контра- демонстрантите пред Уставниот суд, кои велат дека се тука за да ги спречат слугите на странските служби.

Пред нив се обрати лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакомовски.