Најмалку 3 кумановци убиени кај седиштето на ДУИ во Тетово?

0
2020

Сериозен настан се случи пред неколку минути во Мала Речица пред седиштето на ДУИ, информира порталот Shqipmedia од извори на местото на настанот, но не и официјално.

Според информациите на порталот , убиството се случило помеѓу две ривалски групи на ДУИ пред седиштето на ДУИ. Сè уште не е познато кои се жртвите.

Според жителите на Речица, имало големи пукотници кои предизвикале паника и страв кај нив.

Дел од медиумите на албански јазик информираат дека во инцидент во Тетово убиени се најмалку три лица.

-Според сеуште непотврдени информации, инцидент се случил меѓу функционери на ДУИ од Скопје и Куманово, каде што се зборува дека тројца кумановци се убиени, а тројца се ранети, информираат некои медиуми на албански јазик.