ДИЗЕЛАШИТЕ НА БАТЕРИИ, ДИЗЕЛОТ ЌЕ ПОСКАПИ ЗА 3 ДЕНАРИ

0
557

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31% во однос на одлуката од 22.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719%, кај дизелот зголемување во просек за 3,631%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,658% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,553%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,843%.