(ФОТО ГАЛЕРИЈА) НАД 150 ВОЛОНТЕРИ, ВРАБОТЕНИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ГО ЧИСТЕА ГРАДСКИОТ ПАРК, СОБРАА НАД 60 ВРЕЌИ ОТПАД!

0
967

Ги засукавме ракавите и се обидовме од нашиот омилен простор да направиме најдобро место за одмор и рекреација. И најчисто! Денес вработените на Комерцијална банка #КБтим повторно ја организираа еко-акцијата #ЧистаНавика и заедно со извидниците од најдобриот одред на светот – Прв Скопски Извиднички Одред, ги покажаа своите здрави навики и го направија Градскиот парк во Скопје да „светне“!
Саботното претпладне (8.6.2019 г.) го поминавме сите заедно во добра дружба и корисна работа. Во акцијата зедоа учество над 150 волонтери кои собраа повеќе од 60 вреќи отпад. Благодариме на Пакомак за помошта и се надеваме дека паркот ќе остане вака чист ☺️
Заедно за чисти навики!