ЧАИРЧАНЕЦОТ БЛЕРИМ ДАЧИ Е ЛИЦЕТО КОЕ БЕШЕ ЛИКВИДИРАНО СИНОЌА ВО ПРИШТИНА

0
659

Извори од истрагата за порталот информираат дека во автомобилот имало повеќе од едно лице кои го напуштиле местото на настанот, побегнале во правец на Грачаница. Полицијата не успеала да ги фати. Според изворите, автомобилот со кој наводно е извршено делото, полицијата го пронашла запален.

Во возилото што осомничените го запалиле, полициски службеници пронашле два калашникови, оружје за кое постои сомневање дека е употребено за убиство на жртвата.Косовската полиција соопшти дека случајот се истражува.

„Околу 20.00 часот било пријавено дека на улицата „Ц“ во Приштина имало пукање. Полицијата излегла на местото на настанот и од првите информации добиени од лекарите од итната помош било потврдено дека едно лице е без знаци на живот. Полицијата продолжува со работа со дејствија на увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија за откривање и лоцирање на осомничените во случајот“, потврдија од полицијата.Порталот мкд.мк пак информира дека Дачи на полицијата и во Македонија и во Косово е познат по трговија со дрога, обвинет за нелегално држење на оружје, повратник од боиштата во Сирија.