ЛИКВИДИРАНИОТ ВО ПРИШТИНА БИЛ ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО ВО „ШИША БАР“?

0
753
Лицето кое беше синоќа убиено во Приштина било еден од осомничените за двојното убиство во „Шиша бар“, неофицијално дознава „Фокус“.

Иако „Фокус“ испрати официјални прашања до институциите сепак засега нема никаква потврда дека убиениот во Приштина бил вмешан во убиството на 6 март кога беа убиени главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“, Јетон Кривањева-Жила и во Енес Исеинов-Љаци од истата група, а мал дел во нозете на трето лице што седело со нив.

Според информациите кои веќе ги објавија косовските медиуми убиениот е македонски државјанин од Чаир, бил застрелан со калашников. Станува збор за Бљерим Даци кој користел лажни документи, а биле на име Бљерим Шабани.