Груевски во неколку наврати бараше од мене амнестија, не му ја дадов, има сите да одговараат, затоа и бев нападнат физички и носам лузни на челото и ќе ги носам до крајот на животот! – изјави Заев во дебатната емисија со новинарите на МРТВ
На прашање на новинар дали Груевски барал амнестија во преговорите за време на политичката криза, Заев одговори потврдно.
– Да, во неколку наврати тој бараше од мене договор за амнестија, не му ја дадов таа согласност, сите има да одговараат пред судот, затоа и бев нападнат физички и се направи обид за мое линчување, и затоа и ќе носам лузни на челото до крајот на животот.
Заев ги остави без зборови новинарите во студиото на МТВ.