ИМАМЕ ОДЛИЧЕН АМБАСАДОР ВО НАТО, ШЕКЕРИНСКА НЕМА ТАКВИ АМБИЦИИ: ЗА ПРВ ПАТ ИСПРАТИВМЕ НАШИ СИЛИ ВО КФОР А СОБРАНИЕТО НИ ОДОБРИ ДА ГО ЗГОЛЕМИМЕ И УЧЕСТВОТО ВО МИСИЈАТА АЛТЕА

0
737

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека нема политички амбиции за да биде нова амбасадока во НАТО. Таа се фокусира само на нејзината работа како министерка за одбрана, а за тоа што ќе се случува во иднина, ќе биде наскоро познато.

“Не верувам дека човек треба да си прави планови пред да си ја заврши работата” – изјави Шекеринска по посетата на армискиот полигон Криволак.
Таа смета дека Северна Македонија има одличен амбасадор во НАТО повеќе од една година и тоа е една од позициите каде е важно добри луѓе да бидат на вистински места, бидејќи го создаваме впечатокот за нова членка. Важно е да имаме и многу посилен тим во НАТО.

За предизвиците со кои што се соочува Северна Македонија во 2022 година и за политичкиот-безбедносен аспект во регионот, Шекеринска рече дека и натаму ќе имаме предизвици типични за нашиот регион.

“Геополитичката ситуација во последниот период е прилично непредвидлива и затоа како членка на НАТО ги поздравивме некои позитивни први сигнали на почетокот на годината како резултат на директните разговори помеѓу САД и Русија, како резултат на штотуку закажаната средба помеѓу НАТО и Русија и се надеваме и ќе работиме на намалување на тензиите и решавање на некои од отворените прашања” – изјави министерката Шекеринска.

Целта на НАТО е стабилен, безбеден и просперитетен евроатлантски регион.

Изминатата година за прв пат испративме наши армиски структури како дел од КФОР во Косово. Од Собранието е добиено зелено светло и за да се зголеми нашето учество во мисијата Алтеа во БиХ.