СО КАЛАШНИКОВ ИЗРЕШЕТАН АВТОМОБИЛ СО МАКЕДОНСКИ ТАБЛИЧКИ ВО ПРИШТИНА, УБИЕНИОТ БИЛ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ

0
715

Се’ уште не се знае што се случило, но во градот одекнуваат полициски сирени.Убиеното лице е во возило со македонски регистарски таблички.Во таа прилика било употребено автоматско оружје (калашников) калибар 7,62 мм.

Дел од порталите објави дека било пукано од калашников и оти во близина на местото на настанот е пронајдено запалено возило, но нема официјална потврда дека автомобилот е поврзан со убиството и пукањето.Порталот „Индекс онлајн“ доцна вечерва објави и детали вклучително и индентитетот и фотографија од убиениот. Повикувајќи се на свои извори тие наведоа дека убиеното лице е со иницијали Б.Д., имал лажни документи кои ги користел и гласеле на име Блерим Шабани. „Индекс онлајн“ пишува дека неговото тело било пронајдено во неговиот автомобил што е со регистарски ознаки од Република Северна Македонија. Меѓутоа, засега нема потврда на овие информации.