23 причини зошто Македонците се иселуваат

0
1179

1. Непартизираната јавна администрација. Многу млади прават грешка што влегуваат во партија и потоа не можат да најдат работа заради поседувањето партиска книшка. Овој проблем посебно важи за работа во јавната администрација која е тотално професионална и непартиска.

2. „Кога нешто ќе изгубиш тогаш сфаќаш што си имал“ . Заминуваат за да ја сакаат татковината уште повеќе.

3. Бегаат од работа! Со ова темпо на вработување ќе мораат сите да имаат по минимум две работи. Бегаат мрзи!

35ffd1b63e382d9ae12311616a06c2cc

4. Оти Македонија нема море. Засега…

5. Имаат авантуристички дух.

6. Да купиш невеста во Тајланд е поевтино отколку да купиш невеста од Албанија тука.

7. На тест на Фејсбук им пишуваше дека се родени за да живеат во Лондон.

8. Teшко е да го живееш „Сексот и градот“ во Будимирци.

9. Заминуваат како апостоли да го шират учењето на Аристоел Тентов и вистината за настанокот на светот.

0. Не бегаат. Остануваат туристички во Германија, САД и Шведска по 40 години.

11. Заминуваат од патриотски причини да можат да гласаат на Евровизија за Македонија.

12. Револтирани се затоа што Раде Рогожаров го нема повеќе на утринска емисија.


Може да ве интересира, а и не мора: Уште 23 причини зошто Македонците се иселуваат


13. Ги брка фактот што Металика никогаш нема да свират во Делчево…

14. Нема Старбакс.

15. Нема ни Мекдоналдс, а Инстаграм не смее да трпи.

16. Сакаат да се поблиску до Јовица и Татјана.

201e6671c684339c0f91b15297323911

17. Премногу се задоволни. Средениот живот без стресови и неизвесност им е монотон.

18. Се распоредуваат тактички за инвазија и враќање на се она што е наше т.е. целиот свет.

19. Заминуваат за да имаат пари да купат вработување кога ќе се вратат.

20. Одат да проверат дали е точна изјавата дека нема поубаво девојче од Македонче.

21. Германската лига е за нијанса подобра од Македонска трета лига Југозапад.

22. Сакаат да гласаат во американскиот Икс Фактор.

23. Полесно врска на утринска емисија се добива од странство.