НИКОЛА ДИМИТРОВ ВО АВСТРИЈА: МОРА ДА СЕ ДЕБЛОКИРААТ ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
740

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, работната посета на Република Австрија ја почна со средба со федералната министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер.

Соговорниците ја потенцираа потребата од ефектуирање на минатогодишната безусловна одлука на Советот за општи работи на ЕУ за почеток на пристапните преговори. Димитров се заблагодари за активното залагање на Австрија за приоритизирање на прашањето за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ и се осврна на континуираните резултати во клучните реформски области заедно со посветеноста на земјата за надминување на наметнатите предизвици во контекст на преговарачката рамка.