ДЕМАНТ ОД БРАНКО ГЕРОСКИ И ИЗВИНУВАЊЕ ОД НАРОДЕН ГЛАС

0
2316

Бранко Героски напиша :

,,Лажговци”

Лажговците Рубин (портал Народен глас) и Саше (Мактел) шират лаги дека во интервју за Канал 5 сум рекол дека “имам редовна комуникација” со Сашо Мијалков, дека сум рекол дека од него сум добил порака кога бил во бегство, дека сум рекол дека мислам дека Мијалков е невин и слично.

За жал, со коментар “леле Геро”, лагите на Рубин на својот ѕид ги шири и

Bobi Ilievski
.
Можеби и други ги шират…
Се разбира, ништо од тоа не е вистина. Еве линк до интервјуто на Канал 5. Спорниот дел е меѓу 30. и 35. минута. Секој може да се увери што е кажано и како лажат лажговците. Имаат и добар учител…
Коментар на Народен Глас
– Вистината е следна, по повторно гледање на емисијата:
Геро имал обид за комуникација кога Мијалков бил во бегство, му пишал СМС порака на Мијалков но овој не му вратил.
Инаку тој самиот вели дека двајцата редовно комуницираат додека траел судскиот процес за Геро да ја види и другата страна во процесот.
Самиот Геро изрази сомневање околу наративот и комплетната вина на осудените и почека да видиме што ќе одлучи Апелација за да донел финален заклучок.
Тоа е вистината, се извинуваме од редакцијата на Народен Глас што лошо слушнавме дека добил повратен СМС од Мијалков, во брзање го изгледавме интервјуто со скокање и направивме мал пропуст во анализите и толкувањата на неговите изјави така што од нашата редакција се извинуваме и на читателите и на Бранко Героски за овој наш мал пропуст бидејќи се разбира, не сакаме да шириме лажни вести како што тоа го прават куртоните и не сакаме да билдаме рејтинг со лаги и невистини. Големината во новинарството и на еден човек е кога ќе погреши да се извини, без притоа да тера инает како магаре на мост дека не погрешил или дека не знае дека погрешил.