НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА КАКОВ СКАНДАЛ ОТКРИЈА НОВИНАРИТЕ ЗА СИНОТ НА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ, ПА КАКО БЕ НЕ МУ Е СРАМ?!?!

0
3293

Синот на градоначалникот на 24 години наместо да зема пари од тате и мама и да оди по кафиќи и да спие до 12 саат решил да заработува сам и формирал фирма за угостителство и ќе раководи со ресторан во партнерство со свои другари.

Значи нема да прави тендери со Град Скопје со фирма за ова и она за да млати пари, нема да работи на државно и да зема пари од народот, нема да се легачи како 90% од младата популација, не зело грант од државата со врски, не зело некоја државна институција да ја раководи и да млати пари туку детето решило да работи и само да си заработува со тоа што ќе рента простор во новиот трговски центар каде исто така ќе има уште 200 такви дуќани и ресторани?!?! Па како бе не му е срам!!!

Он можел да заврши правои да ја наследи адвокатската канцеларија на татко му или па да ги преземе приватните градинки на мајка му или пак можел да се активира политички и да го стават на некоја функција но он решил сам да се проба во свој бизнис за никој да не му префрла дека е сине татино и мамино што се добило на готово… Браво за малиот, добро воспитан младич.

Иван Шилегов, синот на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, ќе раководи со угостителска подружница во Ист Гејт Мол, најголемиот затворен трговски центар во Македонија кој треба да ги прими првите посетители следниот месец.

На адресата на Ист Гејт Мол е регистрирана подружница на Папас-Гроуп во која основна дејност ќе биде подготовка и послужување на пијалоци, а помладиот Шилегов ќе биде нејзин раководител како овластено лице.

„Фактор“ се обидел да стапи во контакт со синот на градоначалникот на Град Скопје, но тој не одговарал на телефонски повици и пораки во обидот да се дојде до одговор дали станува збор за меѓународна франшиза и за каков тип на угостителски објект станува збор.