ЦУК : УПАТЕНИ ЕКИПИ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – КОЛОНИ ВОЗИЛА, ЗАГЛАВЕНИ АВТОМОБИЛИ СО ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА!

0
7479

На телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК има дојава за одрон на делницат на автопатот Скопје – Велес, кај Бензинската „Детоил Ветерско 9“. Од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени Регионалниот ЦУК Велес од каде што има известување дека полицијата е на лице место.

Паралелно со оваа активност оперативците ги известуваат надлежните институции за итната ситуација, конкретно Јавното претпријатие за одржување на патиштата и Македонија пат. Во комуникација со раководството на јавните претпријатија, дознаваме дека во моментот две екипи од Скопје и од Велес се упатени на местото на настанот.