КОМИЧЕН ГОВОР НА МИЦКОСКИ : НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО 20 МИЛИОНИ ЕВРА ВРЕДНА ПАРТИСКА ЗГРАДА УКРАДЕНА ОД НАРОДОТ, МУ ТЕКНА ДЕКА ПО СЕЛАТА НЕМАЛО КАНАЛИЗАЦИЈА И ВОДОВОД

0
555

Втора работа за која што сакам да зборувам, е како ќе ги трошиме вашите пари кои се собираат во буџетот.

Денеска имате на хартија половина милијарда евра ставка за капитални инвестиции, тоа се повеќе 35 милијарди денари ставка за капитални инвестиции. Ако анализирате секоја година наназад ќе видите дека структурата на тие инвестиции не е ГРИНФИЛД инвестиција, односно инвестиција која ќе почне од темели а ќе заврши со покрив, туку тоа се претежно услуги кои што се квалификувани како капитални инвестиции, а услугите е најлесно да ги употребите во криминал и корупција.

Затоа ние велиме вака, половина од тие пари ќе завршат со еден робусен и амбициозен чекор а тоа е назад во општините. Повеќе од 15 милијарди денари годишно преку една децентрализација ќе завршат назад во општините во проекти кои што се значајни за општините. Ако просечно еден проект чини 30 милиони денари, тоа се повеќе од 500тини проекти годишно, во еден четиригодишен мандат тоа се 2000 проекти, дециден е Мицкоски.