ГРУБИ ЈА ПОКЛОНИ МАИЧКАТА СО 8-КА НА НОВИНАР КОЈ ПРАШУВАШЕ ДАЛИ МУ ЈА ИСПЕЧАТИЛЕ „АРБЕРИА ДИЗАЈН“

0
390

Вицепремиерот, Артан Груби, на денешната свеченост по повод отпочнување на изградбата на Коридор 8 се појави со маичка во стилот на проектот, една 8-ка и две линии кои треба да ги одбележуваат делниците. На настанот присуствуваше владиниот состав, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, амбасадорката на САД, Анџела Агелер, а Груби се однесуваше како домаќин. Тој сепак не одговори на прашањето дали маичката му ја испечатила фирмата „Арбериа дизајн, фирма која изминативе 10 години земала речиси 180 тендери од институции раководени генерално од кадар на ДУИ.На прашањето на новинарот од „360 степени“, кој забележал дека возилата на „Арбериа дизајн“ биле паркирани околу бината, Груби наместо одговор му ја подари маичката.

-Дајте радувајте се ве молам, радувајте се, се гради во државава, сите ќе имаат работа, ќе биде добро за цело општество, за сите граѓани, мислам дека маичката можам и да ви ја подарам – рече Груби.За потсетување „Арбериа Дизајн“ лани беше ангажирана од министерството со кое раководи Груби за да ја организира прославата за годишнина од Рамковниот договор. За оваа цел беа потрошени 80.000 евра.

Речиси милијарда денари чинат 180 тендери кои оваа фирма ги добила од државата. Највредни од овие тендери се договорите со МОН за набавка на учебници.
„Фокус“ во новиот број објавува дека тетовската компанија за издавање, печатење и дизајн постои од далечната 1998 година, меѓутоа нејзиниот подем почнува пред десетина години, кога истовремено почнува и да соработува со државни институции и јавни органи, главно раководени од кадри ДУИ, на чија сметка легнала и една донација од оваа компанија.Оваа компанија се јавува како најголем донатор на ДУИ за 2015 година со 20.000 евра, извештај доставен и до Државниот завод за ревизија.