ХЕЛИКОПТЕРОТ НА МВР БЕЛ-212 ИСФРЛИ НАД 23 ТОНИ ВОДА ИНТЕРВЕНИРАЈЌИ ВО ПОЖАРОТ НАД ПРИЛЕПСКО КОШИНО

0
374

Денеска, Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на сува трева и нискостеблеста вегетација над село Кошино, општина Долнени, прилепско, пријавен во 13.40 часот, го упати хеликоптерот Бел-212.

Полицискиот хеликоптер дејствуваше координирано со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и ер-трактори на ДЗС, при што се локализирани неколку краци од пожарот кои се наближуваа до две села во општина Долнени.

Со хеликоптерот Бел-212 при гасењето беа исфрлени 23 тони вода во повеќе од 30 налети, со што беше спречено пожарот да се прошири и да го зафати селото.