(Видео) Шилегов со прес на парцелите на Никола Груевски, вредни над 5.000.000 евра: Со кои и какви пари Груевски ги купил овие огромни парцели?

0
1017

petre 17

Се наоѓаме на парцелите на Никола Груевски, во илјадници метри квадратни, во денешна вредност од над 5.000.000 евра. Никола Груевски се сокри вчера зад соопштение во коешто се правда дека имотот на негово име бил пријавен во Анкетниот лист, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Но, Груевски не кажа, а има должност да објасни на граѓаните:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=URua0FVfitg[/youtube]

-Зошто од позиција на премиер, хистерично да се интересира за сопственост на оф шор фирми од Белизе и Лугано?

-Што го интересирало Груевски каков и колкав простор ќе добијат овие фирми, па за тоа секојдневно го напнува Јанакиески?

-Како може управители во овие фирми да бидат луѓе блиски до Никола Груевски: неговиот кум, кој сеуште се наоѓа на високи актуелни јавни позиции, или на пример бизнис партнер на неговата фамилијата?

-Со кои и какви пари биле купени овие парцели?

parcelaa2

Ете затоа Груевски лажно го подведувал неговото членство во протест да ја крши општина Центар наводно за Црква. Затоа неговиот братучедот Мијалков договарал нудење поткуп на советници, со цел да го добијат мнозинството во Советот.

Идната Влада на СДСМ ќе направи законски измени, сите оф шор компании да бидат обврзани да ги соопштат вистинските сопственици. На сите оф шор компании ќе им биде даден рок за достава на целокупниот историјат на овие фирми. Ништо не го спречува Никола Груевски, уште денеска да предложи ваков закон, со којшто која било оф шор фирма во Македонија што ќе купи педа земја во Македонија ќе мора да ги пријави своите сопственици.

parcelaa