МНОГУ БОЛНИ УМОВИ ХАРААТ ПО ЗЕМЈАВА – ЛУДАК СО ХЕБЛА СЕ ОБИДЕЛ ДА ЈА ИСКРШИ ТАБЛАТА ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ПРИЛЕП КАДЕ ВО НЕА БИЛЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 17 ПАЦИЕНТИ

0
1022

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница. Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.

Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата. Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите.

Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот.