(ФОТО) СИНОТ НА НАЌЕ ЧУЛЕВ ЈА ИЗБРИША ПРОФИЛНАТА СЛИКА НА ФЕЈСБУК СО НАТПИС ,,МАЈКА РУСИЈА”

0
2134

Синот на новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој на “Фејсбук” е со профил со име Н. Чулев, го отстрани написот „Мајка Русија“ кој до вечерва беше дел од насловната илустрација на неговиот “акаунт”.

Пред името на неговиот татко да се појави во јавноста како кандидат за прв човек на МВР во техничката влада, Н. Чулев под своето име на Фејсбук на руски го имаше напишано слоганот „Мајка Русија“ со две руски знамиња.

Но, откако тој факт почна да се посочува и споделува на социјалните мрежи, Н. Чулев го тргна „мотото” и на истото место напипа „XD“ што е и кратенка за „емотикон“ кој означува смеење.

Инаку, станува збор за малолетник, поради што не го објавуваме неговото име, а фотографиите со неговиот лик се заматени.