Наумов: Ставрески и Богов ги подгреваат шпекулациите и долеваат масло на огнот

0
1243

„Уште неуплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии денес објави проспекти за нова аукција по која не доспеваат долгови за враќање. Министерството за финансии побарува нови 9.4 милиони евра, од кои 8.1 милион евра се побаруваат преку 3-месечни државни записи со евро клаузула и зголемена каматна стапка“, реагира дополнителниот заменик министер во оставка, Кире Наумов.

„По зголемувањето на каматата на благајничките записи од страна на НБРМ во текот на вчерашниот ден, денес и Министерството за финансии преку објавување на проспект за аукција на 3-месечни државни записи со девизна клаузула и повисока каматна стапка, дополнително долева масло на огнот околу пореметувањата на девизниот пазар кои се од шпекулативна природа.

Доколку постои искрен пристап за надминување на моменталната ситуација, а не желба за разгорување и пролонгирање на недовербата меѓу граѓаните, со цел прибирање на политички поени преку редовно наоѓање на кривци секаде, само не во своите редови, ниту Гувернерот Богов ќе ја подигнеше каматата на благајничките записи, ниту Министерот Ставрески ќе распишеше аукција со девизна клаузула.

Очигледен е обидот заради остварување на ситни политички поени и индивидуални финансиски интереси, оваа моментална состојба на девизниот пазар да се пролонгира, дури и по цена и товар на идните генерации“, стои во реакцијата на Наумов.