(ВИДЕО) Масовното прислушување го тресе бизнисот

0
1122

По вчерашната објава на СЈО дека дел од бизнисот бил мета на прислушувањето се отвораат низа на прашања. Кои бизнисмени и зошто биле прислушувани. Дали снимките биле користени за бизнис интереси, уцени, зделки, превземање фирми.

Со ваквата пракса на прислушување, бизнисот е ставен во немилосрдна положба, коментира бизнисменот Венко Глигоров. Не ја исклучува можноста информациите од прислушуваните разговори да се користеле за местење на тендери, уценување и обезбедување на послушност од стопанственците.

Бизнисмените велат дека е тажно во една правна држава, наместо тој што треба да ве чува, всушност да ве слуша.

Деловни разговори, зделки, договори, преговори, приватни разговори – СЈО со „Таргет“ облодени дека и бизнисмени биле прислушкувани со години. Превземање на бизнис, уценување или потчинување на бизнисмените. Какви потези биле влечени со информациите што ги добивале со прислушувањето?

Мендерес Кучи од стопанската комора на Северозапдна Македонија, вели дека престанале да разговараат по телефон, уште по објавата на бомбите.


17H MARINA by 24vesti

Најновиот предмет на Специјалното јавно обвинителство „Таргет“ ја отвори пандорината кутија во која новинари, бизнисмени, политичари биле ставени на системот за прислушување. Мегу бизнисмените и звучни имиња како банкарот Хари Костов.

Тој во рекација до јавноста посочи:

„Загрижува фактот дека слушањето на моите приватни и службени разговори е правено противзаконски и за сметка на нечии лични интереси. При тоа, не се работи за Хари Костов како физичко лице, туку и како претставник на деловна институција, која според законот располага со деловни тајни, а со чие прислушување некој ги злоупотребил за стекнување нелојална конкурентска предност или за свои лични интереси“, Хари Костов, Комерцијална банка.

Вчера СЈО обелодени нова истрага за масовно прислушување на политичари, новинари, бизнисмени. Осомничени се десет вработени во УБК кои прислушувале околу 4 300 лица во периодот од 2008 до 2015 година без судска наредба. Во три системи за следење на комуникациите во сопственост на УБК осомничените сами внесувале броеви кои биле „таргети“ на прислушувањето, па дури и сами ги слушале снимените разговори.

Извор: 24 Вести