СПАСУВАЧИТЕ ВО ТУРЦИЈА ПРОНАЈДОА ТОРБА СО ДВА МИЛИОНИ ДОЛАРИ

0
458

Во Газиантеп, Турција, спасувачите пронајдоа торба со два милиони долари во готовина и накит меѓу урнатините, јавува БНН.

Спасувачите ги изброиле парите и го снимиле пронајденото, чантата и ја предале на полицијата и продолжиле со потрагата по преживеани. Надлежните соопштија дека доколку не се најдат сопствениците, накитот и парите ќе бидат префрлени во државната каса.Повеќе од 40 илјади луѓе ги загубија животите во разорниот земјотрес што пред 12 дена ја погоди Турција и делови од Сирија.