АХМЕТИ ЈА КРЕНА ЦЕНАТА: За што се испазарил со Груевски?

0
3075

Неофицијалните информации кои кружат во медиумите се дека Ахмети и Груевски се испазариле за старо-новата коалиција за која ДУИ барала шест министерски места и две заменички министерски места.

Неофицијално ДУИ ги добива МВР, Министерствата за транспорт, за локална самоуправа, за здравство.

ДУИ ќе го добие и местото претседател на Собранието, како и закон за употреба на албанскиот јазик на сите нивоа во администрацијата.

Дел од медиумите пишуваат и дека ВМРО-ДПМНЕ на ДУИ му ветува и пет државни секретари.

Сепак, најболната точка на Груевски, Специјалното јавно обвинителство за ДУИ преминало во втор план, односно доколку падне коалиција меѓу двајцата стари партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за СЈО допрва ќе се договораат.

Сепак, ова се само неофицијални информации, за кои доколку станат вистина ќе ве информираме дополнително.

Извор : Фактор.Мк