ФАТОН АСАНИ : АГЕНЦИЈА ЗА ОДЗЕМЕН ИМОТ ИМ ПРЕДАДЕ НА ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИ 55 ВОЗИЛА ВО ВРЕДНОСТ ОД 10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

0
665

Во месец декември 2022 година, бесплатно на државни институции беа отстапени вкупно 55 моторни возила од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а по претходна добиена согласност од Владата на Р.С.Македонија.

Преку моделот за бесплатното отстапување на возилата, се овозможи заштеда на државниот Буџет во вкупен износ од 9.868.700 денари, а при тоа на државните органи и институции им се овозможува поголема економичност, ефикасност и ефективност во нивното работење.