Со полагање цвеќе на Могилата на непобедените и на споменикот на Методија Андонов-Ченто, Општина Прилеп го одбележа Денот на независноста на нашата држава, 8 Септември

0
1114

Сонот за независна македонска држава и вековниот стремеж на македонскиот народ, стана јаве на 8 септември 1991 година, кога нашите граѓани одлучија да живеат во самостојна и независна држава. Аманетот на борците, од кои голем дел ги дадоа своите животи за денешната слобода, се исполни, а ние се гордееме што живееме во своја независна држава.

Упатувам апел до младите, да го следат патот на постарите генерации, да ја чуваат, сакаат и развиваат својата татковина, што ќе придонесе забрзано да одиме напред. Со членството во НАТО ја осигуравме безбедноста на нашата држава, а со силни чекори се приближуваме и кон Европската Унија.

Во рамките на одбележувањето на големиот празник, Денот на независноста, заедно со ОО на Црвен Крст – Прилеп, Стопанската комора – Регионална комора Прилеп, Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ и Институтот за трансфузиона медицина, Општина Прилеп спроведе крводарителска акција. На мое големо задоволство, акцијата наиде на одличен одзив, со што граѓаните на нашата општина уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост.

Нека е честит и вековит Денот на независноста, 8 Септември!

Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.