БИЛАНСОТ ПО ЗАВРШЕНАТА СПАСУВАЧКА ОПЕРАЦИЈА ВО ЛАВИНАТА НА ТИБЕТ Е 28 ЖРТВИ

0
431

Лавина во вторникот го погоди градот Нингчи во југозападната кинеска автономна област Тибет АНКАРА (АА) – Кинеските власти потврдија дека бројот на загинати во лавината на Тибет во јужна Кина се искачи на 28, откако вчера беа пронајдени уште осум тела, јавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Лавина во вторникот го погоди градот Нингчи во југозападната кинеска автономна област Тибет.Операцијата за пребарување и спасување е речиси завршена, објави кинескиот дневен весник „Глобал тајмс“, цитирајќи ги локалните власти.

Во вторникот, Бирото за јавна безбедност во округот Медог во Нингчи соопшти дека добиле повици за лавина на излезот од тунелот Доксонг Ла на автопатот што го поврзува Медог со селото Паи во округот Мејнлинг околу 19:50 часот по локално време, што затрупа луѓе и возила.Локалните власти веднаш испратија 131 спасувач и 28 возила на местото на настанот во текот на ноќта.