„АХМЕТИ СЕГА ЌЕ ГИ МОЛЗЕ КАЗИНАТА И КЛАДИЛНИЦИТЕ“ – ОБВИНУВАЊЕ ОД НЕГОВИОТ ВНУК ФАТМИР ЛИМАНИ ОД БЕСА

0
583

Целта на лидерот на ДУИ е партијата да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи” пари и каде е вносно да се има свој „удел” – вели неговиот внук и политички противник Фатмир Лимани.

Потпретседателот на движењето Беса Фатмир Лимани преку Фејсбук го обвини лидерот на ДУИ Али Ахмети дека барал и добил директор на Лотарија за да може да го контролира бизнисот со кладилници и казина во земјава.
Со наслов „Казината и молзењето на луѓето” Лимани на Фејсбук го именува Али Ахмети со прекар Абаз Џука и вели:

„Поранешниот патриот Абаз Џука барал и добил директор на македонска Лотарија за да молзе и да краде албански семејства! Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од казина!?

Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!? Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?!“ – пишува Лимани. Во разговор за Мкд.мк Лимани, инаку внук на Ахмети, објаснува дека целта на лидерот на ДУИ е партијата да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи” пари и каде е вносно да се има свој „удел”. Лимани објаснува по барање на Ахмети за директор на Лотарија беше поставен Перпарим Бајрами, инаку близок соработник на Артан Груби.

Која е причината што влегуваат во Лотарија? Треба да се знае дека лиценците за казина ги даваат директорот на Лотарија и Министерството за финансии, каде министер е од ДУИ. Тие две институции не се случајно земени од ДУИ, нагласува Лимани.