СДСМ: Ја осудуваме изјавата на градоначалникот Лата, што оди во прилог на поттикнувачите на поделби и нетрпеливост!

0
1352

Соопштение на СДСМ:

Ја осудуваме провокативната реторика во изјавата на градоначалникот на општина Дебар Ружди Лата, која не е во духот на заедништвото, интеграцијата и меѓусебното почитување на граѓаните.

Избраните  и именуваните функционери мора да бидат свесни за одговорноста што ја имаат пред Уставот, законите и граѓаните на Република Македонија. И Лата, како и сите други носители на државни функции мора да работат единствено во интерес на граѓаните и секоја изјава, секој искажан збор и секое направено дело мора да биде исклучиво во интерес на граѓаните, што не е случај со последната изјава на Лата.

Ваквите јавни настапи одат во прилог само на оние кои креираат поделби и работат на поттикнување раздор и нетрпеливост, спротивно на европските вредности и демократските стандарди за коишто се заложуваме.