„Управата за јавни приходи остро ги демантира наводите од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се изнесуваат невистини за работата на УЈП и постапката којашто ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем.
Изнесувањето неточни и лажни информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ со кои се манипулира и доведува во заблуда јавноста нанесува штета на работењето на УЈП“, се наведува во соопштението на УЈП.