Заев: Николоски дојде од Охрид и не знае каде е Муртино, Чулев работеше на одложување на изборите

0
1185

Ја остваривме аспирацијата од пред 30 години, станавме членка на НАТО и веќе никој повеќе да не си прави Бајрам на мозокот дека ќе ја крчми и цепи државата, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на трибина во Струмица.

-Сега на изборите нема партија која ветува членство на НАТО и почеток на преговори со ЕУ оти тоа е тргнато од дневен ред. Затоа треба да бидеме горди на успесите кои ги постигнавме. Ако калкулиравме ќе бевме како нашите претходници. Татковината ја ставивме на прав пат. Опозицијата ја немаше никаде. Тие калкулирале секогаш кога биле и власт и опозиција.

Им понудивме заедно да управуваме. Го одбија оти немаа храброст, немаа став. Мислеа власта ќе ги донесе тешките одлуки и ќе заминат. Ви гарнтирам дека Струмица ќе ги прошиша и овој пат и ќе победиме на изборите. Нема став и за коронакризата. Цело време се изживуваа и го масакрираа Венко Филипче и целото здравство. Можам да прифатам дека јас ја донесов коронакризата, дека евровизија се одложи заради мене, дека олимпијадата се одложи заради мене, но не можам да го прифатам изживувањето врз здравството. Да коментираш од теретана не те прави премиер ни шпицен премиер. Николовски човек од Охрид ќе дојде во Струмица, а не знае каде е Муртино – рече Заев.

Тој го искритикува и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој, според Заев, намерно калкулирал со санкциите за непочитување на мерките со цел да имало повеќе заболени и изборите да се одржат подоцна.