ЛОКВЕНЕЦ : ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА ИМА ЕКОНОМСКА ОПРАВДАНОСТ, СО ШТО СЕ ОСТВАРУВА ВЕТУВАЊЕ СТАРО 25 ГОДИНИ!

0
717

Потребни се околу 700 милиони евра за реализација на пругата кон нашиот источен сосед, а во овие средства не се предвидени дополнителни финансии за непредвидени трошоци. Пари за проектот има 200 милиони грантови од Европските фондови и речиси 500 милиони евра планира од кредити вели новиот директор на Македонски железници – Инфраструктура, Хари Локвенец.

Според него проектот има економска оправданост бидејќи како што посочи еден воз пренесува од 1.600 до 2.500 тона на одредени добра.

Пругата до Бугарија е ветување старо повеќе од 25 години. Последно, германска фирма која беше ангажирана за изградбата на една од секциите, лани се откажа од работата и си замина од Македонија.

Целата траса е во должина од безмалку 90 километри и е поделена на три дела. Но, освен што треба да се пробијат траси и да се наместат шини, треба да се изградат и 100 мостови и 40 тунели.

Извор : НоваТВ