КАРИМ БЕНЗЕМА СО ХЕТ ТРИК ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ ГИ НОКАУТИРА ОД ОСМИНА ФИНАЛЕ ПСЖ СО КОНЕЧЕН РЕЗУЛТАТ 3-2 ВО КОРИСТ НА РЕАЛ МАДРИД, ДО СЕГА ФРАНЦУЗИТЕ НАЈМНОГУ ГО ЈАДАТ СТАПОТ ОД БАРСЕЛОНА, МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД, БАЕРН МИНХЕН И СЕГА КРАЛСКИОТ КЛУБ

0
901

Ако во првиот меч на „Паркот на принцовите“, а и пред реваншот во Мадрид сите зборуваа за Килијан Мбапе, француската мега-ѕвезда кој наводно е пред трансфер во Реал, по 90 минути на „Сантијаго Бернабеу“ уште еднаш се докажа дека Реал Мадрид се „кралеви на Европа“ и владетели во елитното европско натпреварување.

Несомнено, средата беше одбележана од сонародникот на Мбапе, Карим Бензема кој имаше хет-трик и ги инспирираше „бланкос“ до магичен пресврт по слабото прво полувреме за 3:1 победа и елиминирање на предноста од 0:1 од првиот меч.

А работите не изгледаа најдобро за тимот на Карло Анчелоти. ПСЖ имаше повеќе од играта во првото полувреме, доминирајќи пред голот на Тибо Куртоа, со Мбапе во главна улога – тој прво имаше еден поништен гол, за во 39. минута да постигне прекрасен гол за водство на францускиот шампион.

Меѓутоа, второто полувреме покажа дека најскапиот тим на светот ќе мора да почека до европска слава, предавајќи му ја улогата на фаворит во натпреварувањето на најтрофејниот европски клуб. Прво, Карим Бензема успеа да го искористи подарокот на Џанлуиџи Донарума во 61. минута да израмни и да даде надеж дека може да се случи „ремонтада“, за потоа во 76. и 78. минута да го комплетира хет-трикот за шок на гостите.

До сега парижаните губат клучни мечеви од четири фудбалски џинови во европскиот фудбал, камбекот на Барселона на Ноу Камп, камбекот на Манчестер Јунајтед среде Париз на ,Паркот на принцовите” , финалето во ЛШ со Баерн Минхен и камбекот на Реал Мадрид на ,,Сантијаго Бернабеу”.