ВМРО-ДПМНЕ : УЈП ГИ ПРИЗНА ИНФОРМАЦИИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА ПОСТОЕЛО ПОВРАТ НА ДДВ СО ЛАЖНИ ФАКТУРИ, ШТО ПРАВЕЛА ЛУКАРЕВСКА И КОЈА Е НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО АФЕРАТА?

0
313

УЈП преку брифинзи на одредени медиуми ги призна информациите на ВМРО-ДПМНЕ дека постои лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови.

Целата оваа афера е во надлежност на заменик претседателката на СДС и директорка на УЈП Сања Лукаревска

Каков претседател, таков заменик претседател.

Вистинското прашање е што правела Лукаревска? Каква е нејзината врска со оваа афера?

Кои се омилените фирми на власта кои влечеле милиони евра фиктивно од државниот буџет?

Дали меѓу нив има фирми блиски до СДС и ДУИ?

Нема сегмент од каде оваа криминална банда не краде.

Овие клептомани ќе украдат дете од мајка, а не пак да го чуваат државниот буџет.

Европскиот фронт, неевропски краде. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!