БИТИЌИ : 874 МИЛИОНИ ЕВРА ИМАМЕ ОД ЕУ ЗА 3 ГОДИНИ, ЕВРОПСКИОТ ПАТ НОСИ ЕКОНОМСКИ ПРИДОБИВКИ

0
191
Потрпетседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Аргумент +“ на телевизија 24 истакна дека планот за раст кој што Европската комисија го обзнани е показател дека Западен Балкан е важен за ЕУ и сака од два аспекти да бидеме спремни до денот на влегување, прво од економски аспект, второ од аспект на реформи.
-Вкупно на располаѓање за нашата земја ќе биде ставено 874 милиони евра во овој три годишен период. Веќе првата транша од помошта би требало некаде април да ни биде достапна, нагласи Битиќи, додавајќи дека овие средства се од финансиската рамка на ЕУ за периодот 2020-2027.
Битиќи рече дека ЕК со планот за развој сака да го намали диспаритет меѓу развојот на Западен Балкан до денот на влегувањето во ЕУ.
Тоа е вистински знак на придобивките на европските интеграции. Никогаш ЕУ не го направила ова за други држави, ова е нов механизам надвор од претпристапна помош, нагласи Битиќи, додавајќи дека за европки напредок е потребна европска влада.
-Ни треба европска влада, ни треба јасен мандат, од неколку години и јасна ориентација на следната влада. Ова влада е европска, за жал мораше да се справи со различните кризи кој што ги имаше пред себе, во кризи не можете да правите реформи и тоа е и во практиката и во теоријата, рече Битиќи.
Во врска со економскиот раст, кој се очекува да изнесува околу 3%, Битиќи истакна дека е реален, со оглед на продолжување на веќе започнати проекти и најави нови инвестиции.
Веќе оваа недела во собраниска процедура ќе влезат четири големи инвестиции, со вкупна вредност од 800 милиони евра, најави Битиќи, додавајќи дека станува збор за стратешки приватни проекти во енергетиката, кои се во насока на енергетската транзиција на државата.
Битиќи истакна дека во мерките за намалување на инфлацијата, клучно е донесувањето на Законот за фер трговски практики.
Закон за фер трговски практики, уредува 26 подрачја што се фер практики и убавото тоа што собранието нема да се распушти, а носењето  на овој закон треба да биде еден од приоритетите во Собрание и ќе инститирам да биде донесен, рече Битиќи.
Битиќи рече дека има субвенции за ЕСМ и за струја и за парно за граѓаните. Тој објасни дека над 80 отсто од цената на електричната енергија што ја добиваат граѓаните е субвценионирана, односно платена од страна на државата.
Ако во сметката за потрошена електрична енергија сумата е 2000 денари тогаш 1680 денари е субвенциијата од државата. Да ја нема би платиле 3680 денари, а плаќате 2000. Тоа е разликата“ објасни Битиќи
На прашањето за продолжување на субвенциите, Битиќи одговори:
-Јас знам што јас, моите колеги од партијата од која што доаѓам ќе направиме, а тоа е граѓаните секако нема да платат поскапа електрична енергија Можеби некој друг ќе ја зголеми, но јас знам каква одлука ќе донесеме на 30 јуни“.
Потпретседателот на СДСМ Фатми Битиќи најави дека со пуштањето на продуктоводот за гориво Скопје-Солун, може да се очекува намалување на цената на горивата.
Финалната цена треба да се намали, бидејќи транспортните трошоци се намалуваат за 30-40%, а добиваме поквалитетна нафтна, поздрава животна средина, со подобра цена, истакна Битиќи.