Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во денешната епизода на “Тешки муабети” најави нов скандал кој ќе биде објавен во следните денови.
Се работи за движни и недвижни имоти кои истакнати функционери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ купени во последните неколку месеци.
Митовски наброи само дел од нив:
Гордана Димитриеска Кочовска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, купила нов “тојота рафт” 4, елитен плац во Сопиште и гради куќа во моментов.
Марија Митева, портпарол на партијата, купила нов “фолксваген туарек” 2022 година.
Дејан Гарамбозов стан во Аеродром и ново возило џип “шкода камик” 2021.
Благоја Ташаминов, нов стан, ново возило и два мотори, претходно возел “пунто”.
Ивица Томовски, директор на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, има кафана “Бабино”.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Сајкоски и неговиот вработен во МВР, Топал, главен играч за дозволи за градење по општините земаат рекет, вели изворот, а пренесува Мицкоски.