МИЦКОСКИ : ЖЕНИТЕ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАИН ЌЕ ОСТАНАТ ВРЕДНУВАНИ, ЗАТОА ШТО НИЕ СМЕ ОПШТИНА НА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ

0
214

Домаќин на завршниот настан на кампањата „Гласна и храбра 2“ беше градоначалникот на Општина Кривогаштани, Николче Мискоски. Пред настапот на Камерниот оркестар од Битола градоначалникот поздравно им се обрати на граѓаните и истакна дека жените земјоделки се носителки на општината и се заблагодари што е донесена одлуката токму општина Кривогаштани да биде домаќин на настан организиран од три министерства, а е под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.

„Јас лично сум сојузник на секој кој се бори за поголеми женски права. Затоа што свесен сум за обврските кои ги имаат жените особено во руралните општини. Тука сме сведоци дека секој од нас подеднакво вложува труд и енергија за навремено да бидат завршени сите тековни обврски. Нашата свесност доведе до тоа да изградиме градинки со вкупен опфат на 100 деца, изградивме инклузивни игралишта и сензорни соби за секое дете да може да се вклучува во градинките и во овој момент ќе ја поздравам дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска што овозможи сите наши деца да бидат вклучени во предучилишното воспитание. На овој начин го одмаливме товарот кој го носат жените во руралните средини“ истакна Мискоски.

Тој истакна дека на собирот на кој се случуваат невообичаени настани е вистински момент да се зборува за сите решенија кои ги донесе Владата.

„Грантови за развивање на мали винарии, платено породилно отсуство за жените земјоделки, грантови за самовработување и можности за пласирање на производите на пазарот.

„Во ова наше Кривогаштани нека продолжи традицијата на негување на еднаквите можности, вреднување на ресурсите со кои располагаме и нашиот труд. Само силни граѓани градат уште посилна Општина“ рече Мискоски.

На крај тој се заблагодари на сите кои беа учесници на настанот и истакна дека жените во општината ќе останат вреднувани затоа што Кривогаштани е општина на еднакви можности.