ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ФИЛИП ПОЛИЕСТЕР СПАСОВСКИ

0
1886

Порталот ,,Народен Глас” во текот на денешниот ден објави реакција на граѓани поврзана околу донесениот ДУП во Козле и Трнодол.

По барање на адвокатката Анита Бегова јавно се извинуваме и го повлекуваме текстот доколку е нанесена штета на нејзиниот клиент, Филип Спасовски.

Во целост ви ја пренесуваме пораката на адвокатката Анита Бегова.

  • Почитуван Г-дине Рубин Ивановски,
    Ви се обраќам како адвокат на ТД Полиестердеј ДООЕЛ Скопје и Г-дин Фили Спасовски.
    На порталот Народен Глас ( Narodenglas.com) во кој на импресум вие сте наведени дека стоите како основач и сопственик, имате објавено вест Жители на Козле од Трнодол за Фили Спасовски Полиестер кој финансира незаконски кампањи заедно со ВМРО ДПМНЕ, креираат лажни вести и дигаат паники и хистерија за дупот во Трнодол. Оваа вест е објавена денес на 17.12.2019 со крајно клеветничка и штетна содржина како за ТД Полиестердеј, така и за Г-динот Филип Спасовски,Во веста се повикувате на некаков допис од жители од Козле кој вие дополнително го интерпретирате, во крајно негативна конотација, тенденциозно, поврзувајќи го со наводни финасирања на партии, со партијата ВМРО, со оркетрирање на медиуми и слично.
    Со овој официјален маил, ве повикувам ВЕДНАШ И без одлагање, да ја тргнете оваа клеветничка и навредлива вест, како и да објавите пост на првата страна на вашиот портал со која ќе се извините за искажаните навреди, клевети, инсинуации и неточни информации.
    Сакам да ве информирам дека ТД Полиестердеј има 18000 комерцијални клиенти и дека ваквите вести, негативно се одразуваат на репутацијата на трговското друштво и на репутацијата на нејзиниот основач и управител Филип Спасовски, кој е истакнат и успешен менаџер со повеќе домашни и меѓународни признанија.
    Доколку не постапите веднаш и без одлагање на ова мое писмено барање, упатено до вас, ве информирам дека за заштита на правата на моите полномошници, ќе поднесам тужба за клевета и навреда лично против вас пред