БОМБА НА САШО ОРДАНОВСКИ: Народна Банка преку гувернерот Богов со една чудна одлука пред неколку дена му даде одврзани раце на режимот да ги изнесе во странство украдените милијарди од провизиите и грабежот од Македонија!

0
1210

Многу интересна анализа во својата колумна во Слободен Печат на аналитичарот Сашо Ордановски:

Кога ми ја раскажуваа, целата оваа апокрифна приказна ми звучеше сомнително и по малку неуверливо, озборувачки и злобно, но и како релативно нормална внатрепартиска препирка пред прогласување завршен фајронт во локалот „Македонија“ што се наоѓа на третата палуба на бродот Титаник… додека пред десетина дена не ја прочитав веста за тоа што го одлучил гувернерот Богов. Имено, Народната банка на Македонија на 10 март годинава – значи, пред неполни десетина дена – донесе сосема неочекувана и „ничим изазвана“ одлука (која стапи на сила на 11 март) со која за прв пат се дозволува македонски државјани да можат да отвораат сметки во странски банки. И тоа не кои било граѓани, туку оние кои располагаат со две патни исправи (македонски и нечиј друг пасош – бугарски, чешки, хрватски, американски итн.), како и оние лица кои работат или некогаш работеле (?!) за странски фирми и меѓународни организации. Со други зборови, половина ИК на ДПМНЕ, плус цела нивна Влада.

Читам – и не ми се верува! Додека ние се тресеме врз Уставот, се крстиме со Избирачкиот список, се патиме со медиумските (анти)реформи; додека се делиме на „двоглави орли“ и „крстоносци“; додека анализираме што рекол некој странски амбасадор или каде се ставени запирките во извештајот на Венецијанската комисија и жестоко се препукуваме за други дребулии во одбрана на правната и демократската држава – Фамилијата не може да постигне, не може воздух да земе од префрлање наши пари по приватни сметки во странство! И тоа до таа мерка што, оставени на цедило, и подизведувачите на Фамилијата веќе се фаќаат за пиштоли!

Целата колумна ОВДЕ