ПОЧНУВА РАСПАДОТ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ТРАОРНА АТМОСФЕРА КАКО НА ПОГРЕБ ВО СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ИЗГРАДЕНО ОД НАРОДНАТА ПЉАЧКА НА СТОЛЕТИЕТО : Груевски им соопштил на сопартијците дека заминуваат во опозиција, засега останува лидер на ВМРО-ДПМНЕ!

0
6291

ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција. Високи партиски, но и дипломатски извори ја потврдија оваа информација. Според информации на телевизија 24, на седница на извршниот комитет, одржана во вторникот вечерта лидерот на партијата Никола Груевски им соопштил на сопартијците дека заминуваат во опозиција, побарал од носителите на јавни фунцкии, да не прават никакви проблеми и да ги остават печатите.

Крвавиот четврток е за секаква осуда, брифираат од партијата, дополнително и Извршниот комитет остро ги осуди инцидентите. Заминуваме во опозиција, новата влада ќе има силна и конструктивна опозиција, тврдат за ТВ 24 високи партиски извори. Потврда на овие информации, може да се толкува вчерашниот ден кога Талат Џафери и официјално го презеде кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија. Примопредавањето се извршило во, како што се вели, нормална демократска процедура, каде бил оставен и печатот. На последната седница на врвот на партијата, бил изнесен и предлог пратениците да ја бојкотираат работата на Собранието и партијата да делува вониснтитуционално, но ваквиот предлог бил отфрлен. Новата власт нека се подготви за жестока и конструктивна опозиција..Дебатата на конститутивната седница, беше само загревање. ck-na-vmro-dpmne

Иако, во јавноста се појавија информации дека Никола Груевски заминува од челната позиција на ВМРО ДПМНЕ, сепак нашите извори ги отфрлаат овие информации како неточни и шпекулации кои се лиферуваат од СДСМ. Дека Груевски останува на лидерската позиција, потврди и официјално ВМРО ДПМНЕ, кој преку соопштение велат дека уценетиот Заев измислува вакви лажни вести.

„Никола Груевски ја водеше партијата и во последната изборна победа на која мнозинството граѓани гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски ја има максималната поддршка и на Извршниот и на Централниот комитет. Најважно од се е тоа што Никола Груевски е политичарот кој има убедливо најголема доверба меѓу граѓаните,“ се вели меѓудругото во партиското соопштение.

Партиски извори сепак очекуваат дека во наредниот период се очекува зголемен притисок внатре во партијата, меѓу членовите кои можат да покажат и лидерски амбиции. Ова како што велат истите извори, може да се очекува особено по заострената реторика од меѓународниот фактор кон ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, но и поради фактот Груевски го изгубил кредиблитетот што го уживаше кај странците.