СИЉАНОВСКА ОДЛЕПИ ВО ИНТЕРВЈУТО НА АЛСАТ М, ВРЕСКАШЕ И УРЛАШЕ: Васко, сум ти била професорка, сум ти дала десетка, требаше подобро да ме третираш а не да ме прашуваш глупости!

0
1060

Сиљановска се однесуваше многу дрско речиси одлепено во интервјуто на Алсат М. Викаше, урлаше, го караше новинарот Васко Попетрески, не и се допаѓаа прашањата.

– Ама сум ви дала оценка 10 по меѓународно право а вие ме прашувате глупости, ова не го очекував од вас, требаше да ме третирате подобро, му рече таа на Васко Попетрески кој бил нејзин студент кога студирал новинарство.

Таа најмногу се наљути кога Васко ја праша за фри шопот на нејзиниот сопруг од 90-тите, таа многу се налути и не сакаше да одговори, му замери зошто само тоа сите ја прашувале, немало ли нешто попаметно.

Таа кажа едно 100 пати ЈУС ЈУГЕНС и слични правни термини кои никој не ги знае.

Од интервјуто таа заличе како Миленко со диплома на правен. Таа отиде до таму што му кажа на Васко Попетрески што да го праша Стево Пендаровски кога ќе дојде тој на интервју?!