ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА БСП НИНОВА: СО ПРОАКТИВЕН ПРИСТАП САКАМЕ ДА ГИ НАДМИНЕМЕ НЕДОРАЗБИРАЊАТА СО БУГАРИЈА

0
821
Премиерот Зоран Заев на денешната работна посета на Република Бугарија, се сретна и со претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова.
На средбата учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров. Се согласија дека преговорите на Северна Македонија со Европската Унија мора да почнат наскоро и дека секоја поддршка во оваа насока е од исклучителна важност.
Премиерот Заев и вицепремиерот Димитров за време на разговорот потенцираа дека влогот за остварување на оваа цел е голем и македонската владина делегација е во Софија со искрени и чесни намери, да се направи заеднички исчекор кон одржливо решение.
За време на разговорот, претседателката на БСП, Нинова го поздрави проактивниот и искрен пристап на премиерот Заев со цел да се обезбеди исчекор кон решенија за деблокирање на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и дека тоа е од суштинска важност за стабилноста на регионот Западен Балкан.