ТРИПУНОВСКИ : МОЈА ЦЕЛ ЌЕ БИДЕ ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО КОЕ ЌЕ ГЕНЕРИРА СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА ДЕВИЗЕН ПРИЛИВ, ЗЕМЈОДЕЛСТВО НА СРЕЌНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, БОГАТИ И ДОСТОИНСТВЕНИ

0
107

Фото : Фејсбук профил на Цветан Трипуновски.

Огромна е честа, одговорноста и задоволството да се биде предложен за министер во Владата на Hristijan Mickoski.

Од утре па натака времето ќе се дели пред и по Владата на Мицкоски. Ќе поставиме стандарди и систем за работа кои не се видени до сега во Македонија.

Граѓанинот доаѓа на прво место. Ја враќаме Македонија на народот.

Македонија се става на брза трака за напредок и развој.

Земјоделството од упропастена гранка, ќе прерасне во еден од неколкуте двигатели на економијата. Ќе се свртиме кон модерните и успешни земји, и земји со слична површина колку нашата, а гиганти во земјоделското производство.

Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив, земјоделство на среќни земјоделци, богати и достоинствени.

Знаеме како треба!

За Македонија се работи!
Фејсбук статус на предлог министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.